11/11/2021
Златната фаза на вашиот живот започнува, Тимот Техник Сервис или "момци за се " во кој беше дел и ти, ти посакува се најубаво во пензија, нека сите твои желби станат реалност, уживајте во времето со фамилијата и пријателите. Нека секој миг од вашиот живот биде исполнет со среќа и радости.Заедно 28 години постигнавме многу, ви благодариме што бевте дел од една успешна приказна, ви благодариме на сиве овие 28 години работање во Техник Сервис, засекогаш ке ни недостасува вашето присуство овде. Бевте најдобар колега кој човек може да посака. Колега како вас е едноставно незаменлив. Среќни пензиски денови!