19/12/2021
ГЛУВАРЧЕ или МЛЕЧНА КОЗИЦА (Млечка)..
Билка која припаѓа во семејството на цветни растенија кое има особена корист за здравјето на човекот, таа го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите.
Глуварчето се употребува во неколку облици и тоа како Чај, Сируп и Салата а воеедно е интересен и податокот дека од оваа билка се употребува целото растение (корен, стебло, лист и цвет).
Млечката е позната по својата лековитост.Но, таа е многу хранлива билка богата со витамини А,Б,Ц, со минерали пособено са калиум, натриум и магнезиум како и со органски киселини.
При истражување на некој научници покажале дека КОРЕНОТ ОД ГЛУВАРЧЕ ги уништува канцерогените клетки во телото без да нанесува никакви штети на здравите клтки.
Со употреба на ова растение придобивките за човековото здравије се големи, но запазени резултати дава при:
-ХРОНИЧНИ ВОСПАЛЕНИЈА ВО ОРГАНИЗМОТ
-РЕГУЛИРАЊЕ НА ГЛУКОЗАТА ВО КРВТА
-НАМАЛУВАЊЕ НА КРВЕН ПРИТИСОК
-ЗАШТИТНО ДЕЈСТВО ВО ОДНОС НА ЦРНИОТ ДРОБ
-ГУСТО_НУТРИТИВНА ХРАНА, БОГАТА СО РАСРИТЕЛНИ ВЛАКНА, ХРАНА ЗА СЛАБЕЕЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ДИГЕСТИЈА
-АНТИКАНЦЕРОГЕНО ДЕЈСТВО
-ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА КОЖАТА И КОСКИТЕ
Многу е битно глуварчето кое се употребува да растело во чиста средина, бидејќи тоа е билка која го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите во себе.