АБ Новоселски e компанија која е присутна на пазарот повеќе од 25 години. Имаме продавници во пет градови во Македонија (Скопје, Штип, Радовиш, Струмица и Гевгелија), вклучувајќи го и магацинот за диструбиција од 4000 m² во Струмица – место каде има повеќе од 10000 делови секогаш достапни и 20 луѓе вработен персонал. Нашиот тим надминува повеќе од 35 професионално обучени работници.
Вршиме продаж
ба на големо и мало на делови и аксесоари за автомобили и камиони, од механички делови до најразлични потрошни материјали. Располагаме со залиха на делови од сите главни производители, што гарантира дека го имаме она што го сакате. Соработуваме со 35 производители на делови
со врвен квалитет од целиот свет.
Исто така, произведуваме AD BLUE со VDA сертификат во сопствена фабрика. Нашата најнова инвестиција, која ќе биде пуштена во работа 2021 година е сервис за патнички и комерцијални возила.
Компанијата има склучено договор за членство со групацијата GroupAuto Adria која е една од 20-те меѓународни групи што се обединети во рамките на GroupАuto International, која ја опфаќа цела Европа.
Нашата мисија е да се обезбедат „Делови за сите возила“ – не само по ниска цена туку и по најдобар можен квалитет.
Нашата визија е да бидеме во друштво на најуспешните.