28/02/2024
Главната област на Шнела Флоорс е набавка и поставување на винилни подни облоги. Со задоволство ќе споделиме некои искуства, совети и теории поврзани за винилните подови. Се надеваме дека ќе го препознаете квалитетот и стручното работење и ќе не изберете нас за поставување на винилни подови во вашите домови или комерцијални објекти.
1.1. Што преставуваат подните облоги од винил?
Подовите од винил се синтетички производи составени од повеќе слоеви на разни материјали, набиени, пресувани и залепени на начин кој ги прави многу издржливи, отпорни, практични, а по цената и повеќе од достапни за подна облога. Всушност, винил преставува суровина за изработка на пластична маса и во 50-тите години од минатиот век станал популарна замена за линолеумот. Подовите од винил се делат на две групи – облоги со форма на даски и плочи (Luxory Vinil Tiles, LVT) и облоги во ролна.
1.2. Колку е издржлив винилот?
Подовите од винил важат за многу издржливи и отпорни. Сепак, постојат фактори кој влијаат на трајноста на секаков материјал, па така и на винилот. Во зависност од карактеристиките кој ги добива од квалитетот на материјалот, начинот на производство и обработка, начин на поставување, во голем дел влијаат на трајноста на овие подни облоги. Површината на квалитетните винил подови се обработува на специјален начин со кој се обезбедува заштита на површината, отпорност на пукање и задржување на дамки. На крај се додава и провиден слој кој ја подобрува издржливоста. Некој видови винил имаат зајакнато јадро, со што им се зголемува стабилноста без разлика на димензиите, со што подот не набабрува, ниту пак се деформира, а на плочите или даските со тек на време не се создаваат пукнатини. Елементите ја задржуваат својата форма и во влажна средина, а и при промена на температурата. Дури ни влага, мраз а и горештини не ја менуваат структурата, а ни изгледот. Од сите наброени причини, подовите од винил се одличен избор за многу оптоварени површини и простории низ кој многу се минува, а притоа одржувањето е сосема едноставно.
1.3. Дали винилот е отпорен на влага?
Да. Сите облоги од винил се отпорни на влага затоа што се прават од пластична маса. На нивната водоотпорност влијае и начинот на поставување. Подовите од винил во форма на даски или плочи се поставуваат на ,,клик‘‘. Иако плочите сами по себе се водоотпорни, секогаш постои опасност од тоа водата или влагата да продрат низ спојките, доколку истите не се направени како што треба. Кога подот од винил е во ролна, такви спојки не постојат од причина што површината е компактна. Со следење на упатството кое го даваат произведувачите, ваквите одови може да се постават и во мокри простории какви што се кујни или бањи.
1.4. Рок на траење на винил
Се смета дека винил подовите може да траат од 5 до 25 години, во зависност од квалитетот, професионалност при поставување и правилно одржување.
1.5. Предности на винил
Постојат голем број предности. Подовите од винил се топли, меки, нечујни, удобни, многу отпорни и издржливи, влагата и температурните разлики не им сметаат, цената е доста поволна, а се одржуваат многу лесно. Доколку сето ова не ви изгледа доволно добро, ќе додадеме и дек ги има во безброј бои и дезени. Согласно горенаведеното, не е ни малку чудно што во последно време овие облоги стануваат се побарани – тие се избор на оние на кој им е важен квалитетот, на оние на кој им е важен изгледот, како и на тие на кој им е важен стилот. Подните облоги од винил лесно може да бидат и трајно решение, од причина што се повеќе произведувачи на ПВЦ се грижат за одговорна употреба и транспарентност на производниот процес. Во процесот на производство употребуваат суровини кој може да се рециклираат и кој имаат најмало штетно влијание на животната околина.
2. Поставување на винил подни облоги
Овие се подни облоги кој најлесно се поставуваат. Сепак, доколку не сте дораснати на задачата, ви советуваме да ангажирате професионалец. Доколку се случи подната облога да се постави лошо, таа ќе ги изгуби сите предности кој ги има, а може да се случи и да мора да ја повторите постапката од почеток.
3. Плочи, даски или винил во ролна?
3.1. Винил на ,,клик‘‘ (ЛВТ)
ЛВТ е акроним за Luxory Vinil Tiles, односно, луксузни винил плочи кој од неодамна станаа многу популарни. Тие се хетерогени подни облоги составени од повеќе слоеви. Винил плочите се дизајнирани на начин да изгледаат како подни облоги од природни суровини како што е дрво, камен или керамички плочки. Благодарение на технолошкиот напредок и се подобри можности за обликување, подовите од винил се сосема идентични со природни материјали чија имитација е замислено да бидат. Постојат безброј класични и модерни варијанти на винил облоги, направени како плочи, кој се сложуваат и вклопуваат една во друга на ,,клик‘‘ без разлика дали се тврди или флексибилни. Делови винил кој влегуваат една во друга по системот на ,,крилца‘‘ и процеп, се поставуваат брзо и едноставно што може да биде голема предност при реновирање или обновување на просторијата. Плочите од винил се поставуваат на суво, без некоја посебна подготовка, поради што и не мора да се изнесува сиот мебел од просторијата, а може и да се изрежат на начин да се постават околу тешки и габаритни делови мебел, при што истите воопшто не мора да се поместуваат. Дебелината на ЛВТ плочите е помеѓу 0,25 и 1 цм. На подот се поставуваат со лепење или на специјална нерамна подлога. Од причина што се толку тенки, винил плочите или даските се барани и за реновирање на готови подови, како и за поставување преку подно греење. Тие може да се вградат и во т.н. влажни простории, односно, бањи, тоалети и кујни, бидејќи се отпорни на влага и абење.
3.2. Винил во ролна
Винил ролна се произведува во големи формати со што нивниот дезен и нивните шари се непрекинати, а ги има во фантастични, класични и модерни примероци. Покрај неверојатниот избор, и самата цена е неверојатно достапна. Винилите во ролна не содржат фталат и има ниска емисија ВОЦ (освен надворешни винил подови). Што допринесува за поздраво внатрешно опкружување. На пазарот постои понуда од цврст, практичен, хигиенски и антиалергенски, современ винил, со неверојатни бои и стилови – од сосема светли или светликави бои, преку апстрактни и геометриски или црно-бели графички дезени со сосема автентична имитација на природни материјали, како дрво или камен. На крај, винилот во ролна е многу удобен, отпорен и се одржува многу едноставно.
4. Постапка на поставување
4.1. На кој начин се поставуваат винил облоги?
Облоги од винил се поставуваат толку едноставно, што за еден викенд можете сосема да го измените изгледот на вашиот дом. Начинот на поставување зависи од видот кој ќе го купите. Ако купите винил во ролна, видот на работа ќе биде одреден согласно големината и фреквентноста на просторијата во која се работи.
4.2. Подготовка на подлогата за винил
Без разлика кој вид на винил ќе го изберете, пред самото поставување мора да завршите неколку чекори за подготовка:
најчесто постоечките подни облоги мора да се отстранат, со неколку исклучоци. Тврдите винил плочи може на пример, да се постават врз керамички плочки, како и врз повеќето тврди облоги, како што се паркет, бродски под, ламинат и слично. Исто така, винил во ролна може да се постави преку линолеум, доколку истиот е добро сочуван, без пукнатини, но, мора добро да биде исчистен. Не се препорачува покривање со винил на теписи или флексибилни пластични облоги. Исто така не се препорачува поставување винил во ролна преку плочки, од причина што спојките меѓу плочките (фугите) ќе бидат видливи. Доколку сепак сакате да ставите винил во ролна преку плочки, истите мора да се израмнат со смеса за порамнување;
пред да се постави винил, подлогата мора добро да се порамни, исчисти и исуши;
24 часа пред поставување на винилот, извадете го од неговото пакување и оставете го на собна температура, со што полесно ќе се прилагоди.
4.3. Подлога за винил
Дали ќе ви биде потребна подлога или не, зависи од тоа каков под од винил сте избрале и каков вид на под имате во домот. Некој подлоги од винил се такви што се поставуваат директно на подлогата, а други пак таа подлога ја имаат како долен слој, поради што друга подлога не е потребна.
За најголем број на винил облоги не е потребна подлога, иако ви препорачуваме, поради звучна и термоизолација, како и за мекост, да додадете некоја подлога. Подлогата сама по себе има бројни предности:
овозможува звучна изолација, ја намалува надворешната бука, но и преносот на звук низ подот;
кога чекорите по таков под, чувството под стапалата е помеко и потопло;
подлогата дејствува и како парна брана, што е одлично за бетонски под.
Откако ќе ја наместите подлогата, треба да проверите дали таа е рамна, чиста и сува пред поставување на винил.
4.4. Поставување на винил плочи
Постојат повеќе начини за поставување на ЛВТ, а наједноставен и најбрз е ,,клик‘‘ системот.
Благодарение на ,,клик‘‘ системот, поставувањето тече брзо и без проблеми. ЛВТ винил е модуларен систем, што значи дека поставувањето оди дел по дел, а од друга страна дека не мора да ја испразните просторијата за да го поставувате. Како ги ставате плочите една по една, така го поместувате и мебелот.
4.5. Поставување на винил ролна
Начинот на кој ќе се поставува винил ролна исто така зависи од видот, но и од големината на просторијата. Постојат три основни начини:
без лепење– винил подот едноставно се положува преку патосот. Ролната се развива се бележат димензиите, па се сече. Овој начин се препорачува за помалку од 12 м2;
со фиксирање –винил облога во ролна со двојна самолеплива лента се лепи за подлогата само по краевите. Овој начин се препорачува за простории големи помеѓу 12 и 25 м2;
со лепење – се користи лепак на водена база. Овој начин се препорачува за простории поголеми од 25 м2.
5. Чистење и одржување на винил подни облоги
Подовите од винил се навистина елегантни, а лесно се поставуваат; меѓутоа, исто толку лесно и се одржуваат, со што го олеснуваат одржувањето хигиена, а со самото тоа, го чинат престојот во вашиот дом попријатен. На квалитетните винил подови површината им е преслечена и специјално обработена, за да бидат отпорни на удари и дамки, а полесно се чистат.
5.1. На кој начин се чисти винил?
Чистењето на под од винил воопшто не е комплицирано. За секојдневно одржување доволно е бришење и право смукање. Ако редовно ја собирате прашината ќе спречите нејзино натрупување и собирање на нечистотии, а со самото тоа и одржувањето на подот ќе ви биде полесно. Еднаш седмично или по потреба почесто, може да го пребришете подот со влажна крпа или крпа натопена со детергент. На тој начин подот од винил ќе го исчистите и одржувате во одлична состојба. Имајте на ум дека не треба премногу да го навлажнете. Како и чистењето, така и отстранувањето на дамки не е тешко. Ќе ги отстраните со помош на најлонско сунѓерче и неутрално средство за чистење. Дамката ја триете од надворешната страна кон центарот, а потоа исперете и исушете го местото. За чистење на некој дамки, ви го предлагаме следното:
дамки од масло и киселини или лимон, треба да ги отстраните час побрзо, за да не ја избледат површината. Се отстрануваат со топла вода и неутрален детергент;
дамки од мастило, домати или крв треба да ги натопите со алкохол, а потоа да ги исперете со вода;
дамки од фломастер се вадат со триење со крпа која е натопена со бел алкохол и се пере со вода;
дамки од ‘рѓа се вадат со специјален сунѓер, а се пере со вода.